мургав (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во измаглините таму се нишаат две тенки мургави раце.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно,  фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот,  убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Крени ја главата, ќерко, нема кој да ти простува освен еден Господ и една Богородица! и со двете топли дланки го поткрева мургавото лице на Пелагија кое е наквасено од солзи па блесокот на очите е заматен.
        
      
    
    
    
      „Црна билка“
         од Ташко Георгиевски 
        (2006)