мунасип (прил.)
Не знам што да речам; како ќе го најдете вие за мунасип така ќе направиме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Лели сте нашле вие мунасип, јас неоти су поумна од вас!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Арно сега, токо колку ќе ми платите, до кога, да си знајме и вие и јас? — праша Стале иако беше согласен на секакви услови. — Колку? Колку е мунасип.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо, речи што е мунасип да ти собереме селцки, та и ти да си а гледаш работичката и ние.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Куќа можат да повлечат. – Јас пак дојдов да купам два чифта: ајде ако е мунасип и касмет; да ги видам што стока се, да фаќаме рака – се јави Фазли од Дедебалци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— А бре, колку пари. Колку ет мунасип.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)