мултиплицира (несв.)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овие практики на зборување и пишување воспоставува описи на сознанија кои се сметаат за „глобални и единствени” (Foucault, 1980), описи кои ги маскираат историските битки поврзани со нивното достигнување, како и мултиплицирањето на отпорите кон нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со филмски специјални ефекти би можело да се симулира психоделична состојба на свеста, мултиплицирање, симултаност, преоптовареност, итн.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Месинџерите автоматски се мултиплицираа, се заинаетив и решив да ја сменам автоматската опција.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Но, театрите, останувајќи на позицијата на уметнички израз со тешко преводлив говор, само го мултиплицираат бројот на оние кој дома ни се прават, што би рекле Србите, „Енглези“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Сакам да ти подадам грст среќа да се мултиплицира во твоето големо срце. Безнадежно...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)