мултинационален (прид.)
Беше војник во тајните пречкања помеѓу заибатсу, мултинационалните компании кои контролираат цели економии.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Основното верување во киберпанкот е дека владите-национални држави им го отстапуваат местото на мултинационалните корпорации - глобални држави.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но, постојат показатели дека светот се движи кон доминација на мултинационалните корпорации, чија растечка монополизација на информациите остварува сѐ поголема моќ како над индивидуите така и над националните држави.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Дигиталните бизниси ќе бидат раководени од мултинационални корпорации сместени во Јапонија и Швајцарија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во случајот на малите и мултинационални држави, каква што е Македонија, акцентот на националното повеќе би требало да гравитира кон категоријата „Полис“-град, отколку кон племенските парадигми (крв и земја).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
2 Деструкциската уметност е интердисциплинарна и мултинационална, таа ги комбинира медиумите и темите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, како што и самата криза покажа, ниту нашата држава која себеси се самопрогласи за т.н. „инвестициски рај“ не успеа да направи траен економски компаративен напредок, туку напротив, го промовираа работникот во предмет на експлоатација на мултинационалните компании, а сето тоа потпомогнато од новоусвоената легислатива која од „рајот“ направи работнички пекол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)