мрсулави (несв.)
Ги искара и дедо Ангеле: - Подобро вие помалце да се мрсулавите...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Второ: На секого, што и да му се случи, не смее да плаче и да се мрсулави.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Очите му солзат, носот му се замрсулавил, лицето му се зацрвенило, заедно со ушите. Дури му помодрува. И само напнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа вреска, целото е омрсулавено, искрвавено од кошулицата, ама за мене е од убаво поубаво. Зограф.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас бриши, тоа мрсулави се. Ѝ велам на жена му на Јована дека детето е поднастинато, треба нешто топло да му се даде, па и лекче. Таа вели: Ех, деца!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Киваше, кашлаше, се мрсулавеше и се лигавеше. Беше одвратен за гледање.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)