моч (ж.)
Мочта му се затна, му стана гној и го докутна. Му ја затна и устата да зборува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Едно време ќе ми проговори: - Остави ме барем да се измочам, ми вели, мочта ми ја врати назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така ден за ден, под овие подгниени покриви и меѓу ѕидовите што мирисаат на коњска пот и моч, се топи нејзиното ќеркиче.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
— Алт! Мене мочта ми дошла на крајот, ќе направам некоја пакост.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Наместо напразно да се лутат еден на друг, мораа и двајцата да се стуткаат под тезгата, во веленце што мирисаше на чпртовина, моч, и уште нешто што потсетува на непофатено женско месо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Над нив долги, подгниени греди, под нив калдрма во која до векутому век е впиена коњска моч.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)