морен (прид.)
Пробудете се морни копачки и копачи - на трудот црн народ!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И тогај морен нема да шепнам за спомен со засипнат глас, а бурно, ех, бурно ќе викнам: ете нѐ братко, најсреќни нас!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
1. Сеприсутно око
(гноса)
Додека ја трошев надежта
- ја ронев како суво лепче по земји
на пилците ја фрлав –
лишена од коњи, пци и свињи9
без можност да заминам, Госпо Нуит10
под сводот твој распнат
ко Животинско Царство
око на Хадит
надежта додека ја губев
а сенката ми се ретчеше ко магла
сè додека не стана Ништо
чудно и иноземно
блесна Волја без сврха, чиста пречиста
страотно бела и остра ко молња
во мрак со боја на зрел бозел
со прелив морен и густ
на Хеката, кралицата на Стигите
и ноќите без месечина,
створени за медитација во први мугри
за Служба на Речта11 - тој сонлив отсјај на светот
фрлен врз скерлетен скиптар
ко еликсир -
сега читам во темно
во далечина гледам
отаде предметите
небаре нема ни време ни простор
меѓу мене и Другото
небаре сѐ е веќе запишано или навестено
небаре она кое било или ќе биде
секогаш Е секаде
волја-заради-волја
склад и волја
моќ!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
20. Оставете го нека спие долго во часов час не е ниту век пред вечноста на ова постоење ново Од ридот тој над водите им збори за зората на страдните и морни под месецот што сонат дален сон
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)