морбидно (прил.)
А можам да ги кренам ролетните и да го изгасам светлото. Не, така е морбидно. Ќе ги вклучам сите светла.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како од лоша вест, се растревожив морбидно, до мерка на зло претчувство: „Да не сум болна?!“ Ги повлеков подочниците и го исплазив јазикот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Умот, срцето и душата сега се едно морбидно место без засолниште кои талкаат низ расфрлените денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)