монтира (св. и несв.)
Имаше и предлози, ако не се фати Чанга жив, да му се организира, „монтира”, судски процес, со двојник!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На филм почнува да работи како монтажер во 1965 година и следните единаесет години ги минува монтирајќи филмови, вклучувајќи ги и многубројните документарни филмови за Централната информативна служба. 1966-та година, започнува да ги реализира своите сопствени филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Системите монтирани на глава ги ограничуваат визуелните и слушни осети од околниот свет и нив ги заменуваат со компјутерски произведени осети.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И таму треба да монтира машини и да ги пушти во работа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Работата заради која беше пристигнал тука, привршуваше. Се монтираше последната машина. Како што ѝ кажа Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ако во секоја земја во која тој монтира машини има по некоја девојка, која ја остава на заминување, тогаш тоа за него е нешто сосема обично...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ме налути кога видов дека, чепкајќи, ми го отшрафи задното светло, а тамам вчера конечно го однесов на мајстор да ми го монтира.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Требало да монтира машина што ќе ја движи пресата и другите делови на фабриката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Отсутно потпишав, без да ги погледнам последните отпечатоци пред тие да се монтираат во оловни блокови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кабината беше направена од полирани табли од трите страни монтирани на железна конструкција со отвор за влез од предната страна низ кој однадвор се провлекуваше мирис карактеристичен за последните денови на мај, блунтав, со вкус на гнили црешни и влажна трева.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ист човек снима,монтира и нам ни го предава филмот!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
А снимателот ќе монтира ора од туѓи свадби зашто никој не игра, нема материјал. Никој не игра, сите пушат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)