молчелив прид.
молчаливец м.

молчелив (прид.)

Станував безволен, молчелив, без интерес за учењето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жолтата куќа на мрднатата вдовица, домот во кој живееше емигрантот, беше молчелива и затворена и оживуваше во мојата фантазија чудни и таинствени слики.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Својот подарок го става таа во рацете на молчеливиот борец и се врти кон дамкавиот партизан; тој некако завиткал тутун во парче од бугарски пропаганден леток, па сега очекува да мине некој со запалена цигара.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
В плоден лес сив молчелив камен зреел вишнеел корен остер нож да чува за црнините.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Молчеливо седат крај трпезата. Ручаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сакаше да го запраша Долгиот, но го запираше неговата молчелива туѓост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше речиси видлива таа молчелива игра со темнинката, што се згуснуваше и остануваше да лебди постојано на истата граница, до која што излегуваа и волците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој сега е во состојба да ти рече сѐ, а јас го знам и како човек, што знае да биде и молчелив како земја,особено кога ќе појдиш кај него по белешка за исплаќање на твоите трудоденови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите на беговата кула беа загрижени и молчеливи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Луѓето погледнаа зачудено и молчеливо кон мене и кон неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
1. Да пловиш или леташ Исто е, штом си вон од себе, Излезен од својата кожа, ум, Ако си небесен друм, Упатен кон Севишниот дух И ти дух си, невидлив, молчелив Делче од бескрајот од етерот Од ветерот кој те носи, носи, Тогаш што си? Небитие?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Полковникот е одличен. Тој и досега би служел, но се повреди во експлозија на некој таен објект и од тоа време тој е молчелив и замислен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таман да ѝ кажам сакам молчеливи девојки, не можам да дојдам до збор.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Обично молчелив, тој ретко земал збор во дискусиите но кога зборувал, неговите предлози и заклучоци биле логични и впечатливи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Физички крупен, скромен, молчелив, Илија без двоумење ги исполнувал поставените задачи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Портретот и детските ликови пријателски го гледаа и со некоја молчелива благодарност како да му велеа: „Долго го чекавме твоето доаѓање, зашто само ти ја имаше небесната знаја и умниот клуч за а го отклучиш катинарот на времето и ропството на нашите души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се протнав меѓу молчеливите луѓе, како нешто да ме влечеше и јас да погледнам во морето. И тогаш што видов?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе