молец (м.)
А тоа чкрапнување не е за бадијала, (се чешка со прстот пред срцето) некој молец го јаде овде. (Оди и се гледа на огледалото.) Пак што, од мене поубаво ќе најде?!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ако лете палтата ги гризаат молци летото да се прозими ли мора...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Толку со гајдата, сврши нејзиното, вели, ќе ја фрлам на черен да ја гризат молци... Нека прават глувците седела, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко молец во волна што прета.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој Антуш Крстин и сите домашни ќе се во коцката слични на преголеми заробени молци во илјадагодишен калибар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сега фрли ја на полица, на таван, вели, кај сакаш сега фрли ја, нека ти ја јадат глувци, вели, нека ти ја дупат молци, нека ти фаќа пајажина!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гласот на Турчинот веќе не бил туѓ, шуплив некако, издупчен од молци на староста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Па и кожата не ми е таа: ветва е и излитена, небаре гризена од молци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој во одајчето крие злато, вели некој од ослободените молци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зелената брада на сеништето без сенка се криела под куп молци и други лапливи бубачки а прстите му биле продолжени со сури нокти. Кутриот Просинек се ванѓелосал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Облеката им ја раздадов на бегалците, поубавите работи ги изедоа молци.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Прашуваше дали стои обесена на башлакот каде што ја остави да се чува, дали ја подмачкуваат со тревката ноктец за да не ја нагризат молци, дали писката и брмчалото го подмачкуваат со масло за да не се исушат и да испукаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ја допира со раката, ја пофаќа, како да си го допира татка си; му се рони, му остануваат ронатинки од молци што ја издупиле оставајќи ѝ рани.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги барав пајаците и им давав засолниште; изигрував домаќин за црвите од сите видови; великодушно се однесував спрема зелените скакулци и лисните вошки, мравките и разноразните ларви; клукав неколку вида болви; негував штурци; им наоѓав засолниште на пчелите; ги преместував хемикалиите на мојот маж за да бидат подалеку од штурците, комарците, молците и мувите. Маргина 35 119
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Само кога ја заштитуваше со средства против молци, си ја облекуваше, се гледаше на сребреното огледало, што го наследи од својата мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)