молбен (прид.)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Тоа е моја работа. – Ај да си одиме заедно – со молбен глас рече малиот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ангелија молбено и тажно го гледаше. Градите ѝ се разбрануваа како смекнат мрамор.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крстовица го погледна со молбен поглед и колку што можеше помеко и помилно го замоли: - Жити се најмило, човеку не прави ми го тоа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа ги стокми рачињата како за молитва и почна срдечно, молбено: - Мајко на северните езера и шуми!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Го гледаше право в очи, со молбен израз кој оддаваше повеќе страв отколку болка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Погледнав молбено во Земанек и реков: „Те молам, ако си ми пријател, остани со мене. Пушти ги да си одат“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Влатко, те молам, слези до продавница“, - го вознемири молбен глас на мајка му и безволно ги прифати паричникот и торбата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Татко, зарем навистина нема да останеш?“ молбено запраша снаата Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Погледот го упати кон Татко. Молбено.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ќе стивнат нашите молбени гласови, ќе се крене темнината и скрбта од лицето на татка и од неутешната душа на мајка“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мурџо исто така видливо растревожен од далечниот глас на камбаните оти и покрај тоа што сака да продолжи со нив, онде горе, на крајот од улицава ќе се сврти Пелагија со еден молбен опул дека доста одел со нив, дека сега е време да се врати да ја варди куќата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пелагија ѝ се обрати на Перса со молбен глас Мајко Персо, овие сандуци со свои раце ги направи Танаско и во нив чинам е сиот мој живот, голема молба имам да бидат во одајчето со нас покрај твојот убав старински мебел!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- На Акакиј Акакиевич ваквите зборови му го прободеа срце. – А зошто да не може, Петрович? – рече тој со речиси детски молбен глас, па само на грбот што се излитило малку, па нели можеш да најдеш кај тебе некакви парталчиња...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги подаваме рацете напред И остануваме скаменети Со молбен крик на усните.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)