можеби мод.

можеби (мод.)

А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна ќе ми подадете раце..." Го изрече ова...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И овде, кога зборува за социјализмот, тој ги има предвид пак само своите петербуршки колеги социјалисти што беа најблизу до руските социјалисти, кои пак, навистина, можеби поради позицијата на руската нација во руската држава, пројавуваа полн индиферентизам спрема националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така, можеби некои Срби во моите расудувања за непостојанството на народното име кај нас ќе најдат потврда на мислите на проф.Миловановиќ, којшто докажуваше во „Дело” дека треба Македонија да се подели помеѓу балканските државички, зашто не претставувала ниту географска, ни етнографска, ни историска целина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби комитетот успеа во самата Македонија да биде општомакедонски, само не доби признание од надвор, во Европа? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Навистина, можеби и денеска ќе бев во првите борбени редови, но што да сторам кога не можам да ги поднесувам неправдите…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ФРОСА: (намигнувајќи им на другарките на Антица). Можеби не е работата за мајка ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Можеби сѐ на светов беше едно со две имиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А можеби и ќе ги продадеме. Убави парички, а?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но се плашев. Можеби и не постои влез во подзмениот свет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден господ ја знае? Можеби и таа си ја имаше негде „обесено пушката“?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако беше седнал со некои млади момчиња можеби немаше толку да ѝ се бендиса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка и ова го забележа и си рече дека можеби се има загледано во некое ергенче кое ќе го замени поповиот Крсте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури помисли дека Ангеле можеби сака ортак да му биде во јатаклакот, та затоа е многу љубезен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Отиде по она утро кога облеков долги панталони, и сѐ можеби заради нив стана, заради тоа сокривање на моите изгребани коленици. Го одведоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби тие се причина за неговиот потрес.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе