мобилизира св. и несв.

мобилизира (св. и несв.)

Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тоа се случило вака: кога во 1914 година Србите заедно со другите и нив ги мобилизираа, ги отерале првин во Крагуевац, таму кај што ги стрелаа близнаците Акиноски, Цветан и Јордан, а потоа ги отерале во Војводина, на фронтот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во пролетта во 1914-та, српските окупациони власти во Македонија сета македонска младеж, од седумнајсетгодишна возраст нагоре, почнаа даја мобилизираат за да се бори на нивна страна против Австроунгарците, а после, во првата Голема војна, и против Бугарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но наспроти тоа, една генерализација може да го издржи патот низ сите тие историски примери; имено, националистичкото движење израснува и народот станува мобилизиран како нација доколку од многукратните и безбројни заеднички обележја во секојдневниот живот создаде една смисла на некое нарочно единство и припадност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш таа била соборувана од средната категорија, која ја мобилизирала на своја страна ниската, преправајќи се пред неа дека се бори за слобода и правда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во август 1940 година бил мобилизиран во Петнаесеттата кралска тенковска регимента и на 30 јануари 1943 година добил офицерски чин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како што вооружените судири зачестуваа, почнаа да мобилизираат резервисти.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ноќе чекаше да го мобилизираат и лежеше буден, на штрек, размислувајќи за фронтот...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Републиката која си се почитува би требало да се мобилизира кога ќе се појави голем човек за да ја води, да го спречи да создаде легенда околу себе, да заземе место во историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше интелектуалецот од клучните барикади во поновата европска историја. Неговиот збор мобилизираше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конгресот беше еден од обидите да се оспори законитоста на АВНОЈ и да се мобилизира светската реакција во одбрана на четниците на Дража Михаиловиќ. 112
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во напуштањето на излолационизмот во САД, кој бил една од главните пречки за влегувањето на САД во војната, голема улога одиграл американскиот печат, којшто го мобилизирал јавното мислење околу настојувањето САД да ја напуштат таа политика и директно да се вклучат во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Очигледно поддржувачите на генералот Стојан се имаа амбицирано и мобилизирано достојно да го прослават јубилејот на неговото доаѓање на власт, па на ѕидот имаше еден куп текстови кои што го глорификуваа ликот и делото на таткото на нацијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Некои ми ги донесоа од Албанија, насилно мобилизирани, а повеќето се од оние кои цела зима и пролет копаа ровови и земјанки и градеа бункери.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камилски продолжи со аргументацијата: Башибозуците биле нередовни коњаници, односно биле мобилизирани како помошен дел во воени походи на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Испрати твои луѓе со задача да ги мобилизираат селаните од околните села!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Молкни! - просаска таа и си го спомна денот кога, лани, во јуни го мобилизираа Ставре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе