митари (несв.)
Изгледа се лупи, се митари кожата, се менува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ломбачките нозе му беа исповиткани во крпишта и во секакви сури кожи во митарење. Го болеа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Седумте смртни греови
суетата, многубоштвото, блудот
алчноста, слабоста, охолоста, злосторот
прераната смрт и поделбата
на раси и класи
крволочноста, разбаштинетоста
подземјето и теророт, сѐ
во име на народот и правдата
Платоне
поредокот е устроен од човек
за уметност е настроен, за појезис
за вешто строење жални и страшни собитија
митови и митарења
- што дека ечи заносно стремежот
по идеалното дело космичко
Божјо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)