мистицизам (м.)
Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога Хабермас нпр. зборува за мојот еврејски мистицизам, тој се повикува на една американска книга на Сузан Ханделман, која во моите очи без сомневање е занимлива, но мошне проблематична во врска со тврдењето дека јас сум загубениот син на еврејството.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Психолозите како Rychlack кои ги отфрлаат сите компјутерски модели на умот можат да прескокнат од психолошкиот последен брод во науката за умот (т.е. научен и сѐ уште суштински небиолошки опис на психолошките феномени) и во матните води на мистицизмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
После овие доживувања, до крајот на животот останал со уверување дека хемиските средства можат да предизвикаат мистични состојби на свеста и побогат духовен живот, што делумно може да се сфати и како израз на неговата личност, длабоко заинтересирана за религија и мистицизам, особено пред крајот на животот, кога и експериментирал со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Белиот секогаш матира, помисли тој, со некаков магловит мистицизам. Секогаш, без исклучок, тоа е така приспособено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го слушав како говори, сосема убеден во тоа што го говори, и почнував да се плашам; Лудвик, оној Лудвик што јас го познавав, немаше склоности кон мистицизам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Музиката на јазикот
со лукав одзвук на лунатик
како мицелиум ќе капне
под листовите ќе се овоплоти
од Бакхус, Дионис и Бес
ќе земе што мора
- смисла за уживање, искушение
трагизам
ген за ритам, стих и мистицизам
и ќе стане
врашки убава, само-битна
Луна!
4.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ниту ти, ниту јас веруваме во мистицизам.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Ние покажуваме дека православјето и исламот почиваат врз корените на источниот немилитантен мистицизам, за разлика од западното христијанство уште од времето на инквизицијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кон 11 година детето е обземено од мистицизмот на авторитетот на религијата, потоа се појавуваат првите напливи на индивидуализам, кон 12 година детето чувствува потреба од шеф (татко, водач).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)