минијатура ж.

минијатура (ж.)

Војна, мислеше. Хистерична минијатура на човешката грабливост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Подоцна почнал да пишува и минијатури и новелети, а последните години од својот живот им ги посветил речиси исклучително на драмите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога замугри, станав и за довидување им ја кажав минијатурата од Шопов.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ги гледаше чудните ознаки, напишани одамна, на рака, со бројни сини минијатури, како нивно чудесно небо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа просторна минијатура макета на маката зародиш на замок селестијален параграф!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Често во неговите наследени книги со старо турско писмо, пепелта од неговите цигари при занесните читања се истураше и врз синкавите персиски минијатури, арапските арабески, небаре неговиот лик беше засекогаш заробен во нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше уште една драматична минијатура на која тешко навикнував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Или во несвесниот проблесок во за-зен техниката, во песната „Сатори”, или пак во сосема промислената арс – поетичка минијатура „Посегнав по светови други”, каде „двата паралелни универзува во осмози”, ја декодираат амбивалентната дилема и ја тераат до финалната поента:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзината минијатура лакомо ја голташе секоја голтка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше тоа мала минијатура на црквата Св. Јован Канео од брегот на Охридското Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Твојата библиотека во минијатура ме потсетува на големата француска Национална библиотека на улицата Ришелје во Париз, каде што во почетниот дел се чуваат големите речници! коментира во шега Климент Камилски откако ги разгледа внимателно сите книги на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивниот живот бил како патувањето во лавиринтот на арабеска, секогаш во бег во потрага по излез од лавиринтот, споменот за нивното постоење можеби завршил во точката на минијатурата, којашто можеби никој нема да ја протолкува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)