минер (м.)
Во втората бригада, меѓу минерите, се наоѓаше и Беличот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тој виде дека овие двајца минери работат копачка, а не минерска работа, а не вадат ништо, со кое се штетеше компанијата, и им нареди да го напуштат тој тунел или да се препазарат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)