миндерлак (м.)
Миндерлак со перници. Перниците и пердињата се во македонски стил.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
— Добре дојде во куќава, — го поздрави Адем, седнувајќи на другиот миндерлак спроти него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа влезе со еден филџан и полно гезве „сааде“ кафе, а Адем го кладе да седи до него на миндерлакот и почна да го гледа право в очи: — Е, Кате? Слушна што зборував јас со чорбаџи Јован, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дел од населението, припадници на војската, задолжени за чување на вилаетот од ајдути и од арамии мегдан - широко поле, место на кое војската извршувала вежби или се одржувале двобои, бојно поле, дуел, двобој медреса - муслиманско средно училиште миндерлак - вид долг отоман, крај ѕидовите, со перници наоколу, заради удобно седење, за повеќемина муфлуз - пропаднат човек, неранимајко, скитник
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тогаш реши да ме побара мене. „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)