минаре (ср.)
На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бидејќи беше пладне, оџите на минарињата викаа и ги канеа верниците на молитва.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога ќе се најдеше под сенката на Сината џамија, мигум погледот му го обземаше летот на птицата која леташе кон врвот на минарето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Така беше и со големиот број Левантинци кои Татко ги среќаваше крај храмовите на Цариград, загледани во летот на галебите кон високите минариња.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
2. Додека ѕидарите, мајстор Хусеин и мајстор Абдула, го редеа скелето за минарето и патем се препираа за неговата височина, ибн Бајко веќе убаво се смести во чифликот на село Бразда, што му беше доделен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јахја-паша беше зет на султанот Бајазит, и како таков мораше да направи нешто преку ред: минарето на неговата џамија се крена највисоко меѓу сите скопски минариња.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кандилата на блиската џамија оцртуваат во првата замраченост светлив венец околу минарето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По кои скали од зборови ме качуваш во твоето минаре за да го имам молчењето за сопатник а немирот за водич?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Слегував удолу кон полето големо затворено во небо и планини; омеѓено со тополи престорени во минариња од штркови гнезда.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Точно на пладне сѐ огласи оџата од минарето на блиската џамија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш ранобудните петлиња долетуваа до врвовите на минарињата и оттаму пееја ли, пееја во дуети со оџите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)