милја (ж.)
Шамаците и трските се затворија зад нив. Возеа една милја додека не стигнаа до трошната куќичка во пустелијата на крајот на светот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Живееше во Кротон, во приземјето на една реставрирана викторијанска куќа, половина милја од станицата Хармон, од каде секое утро фаќаше воз за Менхетн одејќи на својата работа, уредник во Антропологија денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Далечина Додека трчам крај Северното море милји далеку мојот татко застанува потпрен за држалото на мотиката. Тука сме - значи - зборува.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Немаме ниту една квадратна милја слободна територија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Десетици и десетици милји на исти пејзажи што циклично се повторуваат како здодевна позадина на нискобуџетни цртани филмови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Остана сосем сам, милји оддалечен од неговиот искрен и лојален пријател за кого мислеше дека во последно време беше единствениот способен за здраворазумен дијалог.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Одвај чекаа да ја завршат куќата, последната од групата, зашто тие, односно Компанијата за изградба на Идн Парк, имаше потпишано договор да изградат еден отворен паркинг за илјада коли, само на неколку милји од Идн Парк, општината во која живееја тие.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Понито со лице на Данте Алигиери, водено од притисокот на Семовите колена, го носеше тој залутан минстрел шеснаесет милји југоисточно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тие зборови ми ги остави на белиот лист и си отиде, милион милји далеку.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
– „Дури тогаш повторно се сетив на Роза; што да правам, како да ја спасам, како да ја оттргнам од тој коњушар, кога сум десет милји оддалечен од неа, со нескротливи коњи пред мојата кола?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)