милува несв.

милува (несв.)

Со раце на колена, пушката светната ледна таа ја милува благо.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Раскажи ми твој’т помин, јадове и глоби, милвам ја да слушам, бабо прикаски од баби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
– „Ете јас бев, татко, тој штрк, што си седев на куќа; мајко мори, и ти Недо, знаете кога ги молзевте кравите и ме удри Велко со стапчето, оти си ги милував телињата?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најнапред, од секого се знае оти ние ги милуваме нашата татковина Македонија и нашиот народ, зашто секој ден ги гледаме и ги изучуваме со своите органи на чувствата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: Како што милуваш, Костадине, така ќе биде... Немој да заборавиш на редот... Да дојдеш на зима...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Милувам, да си како бел цвет, како бел каранфил! Само на срце да те носам! Само на уста да те имам!... (Ја прегрнува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
САВЕТКА: (на која ѝ потекуваат солзи на очите, ја милува по косата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој го милуе, го полни, оди кај прозорецот и застануе на готовс).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Доста беше го запознала Илка со овој план, но плашејќи се да не ја расипи сета работа, се истрча пред него и му одговори на Трајка, милувајќи си го Толета по главчето, кое мирно цицаше на левата града — Море ами . .. шо да велиме ние, браче Трајко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Иии шо е киска, невесто! Каде а најде волку убава? — и ја зеде да ја разгледува и милува, мирисајќи го секое цветче поодделно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Доста и се стори дека ангел од небото слезе и ѝ падна на градите, та се милува со него преку своето чедо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѕемне ... и мисли дека е сон првата снегулка што го милува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Излези во мугрите, излези во ранина На висока, скалиста, снеговита планина, по лицето, снагата ветрот да те милува, мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тие се крилја на мртва птица и со нив е умрена и нивната желба за лет, за милување. Ослушнував.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја милува студената двоцевка со тапиот палец и го слуша шушкањето на невидливите трски од мочуриштето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе