мелодија ж.

мелодија (ж.)

Со приближувањето на тапанот се слуша и мелодијата на зурлите, придружена од пијаното пеење на Караман Атанас).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во стриковото градинче, галабо, вишни ем црешни беревме, во уста си ги клававме!... (Во паузата на мелодиското пеење доаѓаат Костадин и Симка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Од соседната улица се слушаа звуци на тамбура; се извиваше некаква заплетена турска мелодија, долга и пострашна од крива сабја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мелодијата расне и со својата трепетливост се издига над објаснението.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Седеа в соба, едниот тихо свиркајќи некоја неодредена мелодија, другиот загледан во полупразна чаша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа никако не можеше да се сети на мелодијата од првиот нивни танец, тој ѝ пречеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеќавање за едно излегување. Блештат канделабри. Невидливи звучници пренесуваат пријатни мелодии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе ја заврши започнатата мелодија. Мора да ја заврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оркестарот започнува да ја свири неговата љубовна мелодија што, којзнае зошто, секогаш му ги разнежнува чувствата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мелодијата ја копкаше и разбудваше неговата неповерливост, сомневање и болка. Се ослободуваа затлачените сеќавања за Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оддалеку, преку ѕидовите, Арсо слушна пеење. Мелодијата полека навлегуваше во него и млачно ја растворуваше тагата за нешто неодредено. Се упати натаму откаде што доаѓаше гласот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На нејзината белина светот полетува во некоја своја сонувана залебденост, блескоти со својот раскош, како невеста во своите срми и во своите чипки, понесен од онаа тивка, полна мелодија на месечината, замечтаен во оние длабоки, сини катчиња на сенките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Низ гората се слушаат различни птичји мелодии.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Патникот брзаше по патот и со устата безгрижно свиркаше мелодија од некоја народна песна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Среде од врбакот се чу потсвирнување со уста. Непознатиот свиркаше некоја мелодија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Целата природа се будеше. Поточето во долот жубореше некаква нова мелодија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе