меланхолија ж.

меланхолија (ж.)

Тогаш во собата на Отец Симеон набожно дојдоа браќата и со неизмерна меланхолија во очите покорно се наведнаа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тешка меланхолија пак го обзема поштарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја откривам сликата од перспектива на детската меланхолија – дедо тивко се движи низ собата, гледајќи ме, потоа го раскрилува прозорецот, бучавата од улицата допира до мене, постепено, неумоливо губејќи се, тие проѕирни моменти што постојат само во еден сегмент на нашето минување, а чии траги се одблесоци, одзиви на нашата тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Врз профилот на тажен аскет, меланхолијата беше врежала фини брчки околу очите полни со сенка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А сѐ почна од утрото. Додека на внатрешната страна од бонбониерата „Те љубам“ запишував нешто за меланхолијата, ми претече млекото, а кога го тргнував тенџерето, палецот ми се залепи за проклетата рингла.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со циркуларно менување на состојбите на манија и меланхолија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Петер Рау, универзитетски професор по германска книжевност Бев обземен уште од првиот прочит на романот Времето на козите во ракопис и тоа не само од оригиналноста на својата тема, не само од длабоките мисловни и етички пластови, туку и од своето уметничко писмо, во кое се проникнуваат реалното и иреалното, историјата и поезијата, трагедијата и травестијата, стварноста и фикцијата, епското и лирското, онаа андриќевска меланхолија и онаа позната чинговска пригушена иронија, сето тоа амалгирано во една комплексна, уметничка и естетска целина... академик Георги Старделов, на промоција на романот Времето на козите во „Мисла” во 1992 г.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден саат чука тик-так, тик-так, Собирајте од афион мак Зрнциња кафе и пламено кајче и правете хероин за идните во воздухот сили поколенија; не чекајте време нема. Нечии мили кафени труби О, мила врбо бесрамна Наравоучение ни цицка, ни гс ко штица си рамна, Ако сакате да живеете долго исти се сите стомаци и да бидете здрави кога се полни бидете работливи како мрави. Кон одот за господа и божјиот суд на бескрајната Ако сакате да бидете први (верници) меланхолија во долината не бидете победни и од црви. сивите пци. 54 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
XI Отсекогаш во музеите ме обзема неразбирлива меланхолија која продолжува во внатрешна забрзаност што побрзо да минам крај експонатите, да се вратам во животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Вообичаениот симбол (како славејот, на пример, кој често се поврзува со меланхолијата), дури и ако се препознава само договорно, сепак не е знак (како семафорот) затоа што тој веројатно пак буди длабоки чувства и се смета дека поседува својства што се вон она достапно само за голото око.“ (Речник на книжевни термини) 72.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нејзиниот глас се креваше угоре заедно со слаткиот летен воздух, мошне мелодичен и исполнет со некаква среќна меланхолија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разни состави, дојдени од далеку, пееле носталгични тоскиски полифонски песни, со тивок призвук на меланхолија, за настани од минатото, во кои биле вмешани видни личности, јунаци од семејството, посебно легендарниот херој Суљ-Старова.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чудно е, но живеењето се состои од создавање идни сеќавања: токму сега, овде пред морето, знам дека подготвувам детални сеќавања, што некогаш ќе ми ги донесат меланхолијата и очајот“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знаев ли и јас дека подготвувам детални сеќавања крај езерото, што некогаш ќе ми донесат меланхолија и очај?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Понекогаш, кога ќе ме фати меланхолија, паркирам покрај океанот и поминувам некое време ѕверејќи се во таа бескрајна површина, во сите тие сурфери, галеби, фоки, делфини, алги, школки, ајкули...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во нивните погледи забележав тивка тага, некаква меланхолија поради минливоста, во која ненадејно заминував забрзано, неочекувано се губев, испуштав драгоцен дел од неповратното семејно време овде и отаде морето, на другите брегови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе