мекота ж.

мекота (ж.)

„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше готов да се отпушти и да легне во меките пилотини во неговите нозе, да си ги запрета во нивната мекота сите болки по своето исцрпено тело и така сосема да исчезне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Снегот му ги квасеше нозете со својата спитомена мекота, беше задоволство да се цапа по еден таков совладан снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги склопи очите во исчекување и се изненади од нејзината пријатна мекота.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лизгајќи се по рамото како по крлушки, и по мекотата на попрсјето, тој ја осети дрочната икра што трепереше во гроздови, полна густа медовина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие беа љубезни, го канеа Петрета де ваму, де таму, како да е богато облечен јунак, разговараа со него, се интересираа за панаѓурот со дикат, и сето тоа изгледаше како сон, таа почит и таа мекота во однесувањето и во движењата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)