матичен (прид.)
Во матичните книги нема графа тага.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако се исклучат матичните погони на „Бош“ и „Мерцедес“, другата индустрија е ситна и нема претпријатија и фабрики каде што работат стотици и илјади работници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А овој, Андреја Тарковски, во сите матични книги бил заведен меѓу умрените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Всушност, философијата во нејзините матични форми ги одразуваше и продолжува да ги одразува машките грижи и искуства, кои за возврат беа определени од општествените, економските и политичките услови кои што се специфично историски.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во Аргентина, матичната земја на Кортасар, се смета дека Аргентинците не настанале ниту од ацтешките ниту од другите домородечки божества, туку од утробите на бродовите што пристигале на брегот на реката Ла Плата од сите страни на светот, а особено од Европа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Постојат озаконети одлагалишта, матични книги, текстови потпишани со исто име, одговорност, сопственост, осигурувања. Тоа мошне ме интересира.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Гробиштата се селеа од еден крај на друг, автобуските линиии се менуваа преку ноќ, матичната служба си го затуруваше трагот во сѐ постари и позапустени згради - а човек мораше постојано да биде во тек со нештата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Првин станавме политички емигранти, за потоа да се здобиеме со државјанството на новата земја, федералното и републичкото, за потоа да станеме припадници на малцинство, па на народност (поради тоа што имавме и матична татковина)!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во поранешна Југославија си бевме и припадници на народност, со што се изделувавме од другите државјани, зашто наводно сме си имале и друга, матична татковина со која, за волја на вистината, нѐ делеше една од најнепреодните и најнеминливите граници во светот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка сонуваше, со каталогот Ла Ринашенте, семејната галија повторно да се насочи кон Јадранското Море, мечтаејќи за матичната земја на Ла Ринашенте – саканата Италија на својата младост.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оној кој збори туѓи јазици на соне
зазира ли од заветот во којшто
„никој не се срами што страда и вика од бол“15
зазира ли од името свое
култот свој, па се таи, таи, притајува
во еден друг бог
- матичен?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не доврши зашто веднаш го прекинав, прашувајќи го: - Мислите на тоа како сум запишан во црковните матични книги?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќе бидат анализирани две категории закони: матичните закони што се однесуваат на работничките права и оние закони кои примарно обработуваат друга проблематика, но сепак вклучуваат одредби кои ги засегаат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во анализите ќе упатуваме на членот од дотичната измена и дополнување со кој се изменува, дополнува или заменува матичниот член од законот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со одењето на олтар и у матично љубовта стануе чиста теологија, а воедно и административна теориска концепција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Она што го нагласува Божиновски е дека, низ сите овие процеси, нему бил вршен отворен притисок и бил уценуван од страна на компанијата, за делот од средствата со кои компанијата – во негово име – купила акции од матичната компанија QBE Австралија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога компанијата „Кјуби“ дознава дека е тужена, го известува дека тој има акции кои, во негово име, биле купени од матичната компанија од Австралија (!?), и за да ги добие во валутна противвредност, треба да потпише Изјава – која му е понудена на потпис во август 2005, во која ќе стои дека сите права и обврски од компанијата се намирени и дека тој, како работник кој поседува акции, е согласен сумата што би му следувала од продажбата на овие акции да ја добие намалена, соодветно на 265 неговите „финансиски задолженија“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, со централна одлука на матичната фирма АД „Топлификација“ – Скопје, на Надзорниот одбор на „Топлификација Битола“, му е наложено на седница да предложи мерки со кои на вработените ќе им се запира од платата т.н. „стимулативен дел“ – позитивен или негативен стимул, во зависност од тоа каква била наплатата од корисниците на услугите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На изводот од матичната книга на венчаните имаше напишано: „Бракот се раскинува поради смрт на еден сопруг“.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)