матерка (ж.)
За таа работа не треба ни прашање да става матерка — мирислива горска трева мачкарник — место каде мачките што живеат машко — назив на јадење манџа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Секој ден тераше по двапати дрва, а обата пати носеше цели лопки горски цвеќиња: јаглички, петреви гаќи, вратика, коловер, матерка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Трајче се врати и донесе полна матерка ладна вода.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче ја грабна матерката и отиде да наполни вода на горското изворче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Ќе ви наполнам - одговори Трајче и ја зеде матерката.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Нема ништо здраво, вели Мисајле, ниедна матерка, ниедно казанче, ниедна порција.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мавтаме со матерките и викаме: Мат, мат, бери ми се, матоо...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Илија само врти со матерките, со чутурите и вика: У здравље, за многу години!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот
пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на 'ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)