материјализира св. и несв.

материјализира (св. и несв.)

Долгогодишниот страв сега првпат материјализира пред него страшна глава со долг нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Никогаш/ Ѕвонењето на тајниот телефон со кој овде, во собава; се материјализирав во настани на иднината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Разликата меѓу столот и Бога е во тоа што столот е една потреба на човекот која тој успеал да ја материјализира, а Бога не може.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Рационалната традиција е вчудоневидена од големиот број пациенти чии што животни стресови се материјализираат во физички симптоми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што капките ритмично се распрснуваат, копијата на Леонардовото блокче со цртежи на вирови се материјализира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Која е тогаш функцијата на уметниковото налудничаво материјализирање на четвртата димензија?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Имаше еден темен период, а потоа ќелијата, или собата во која се наоѓаше сега, постепено почнуваше да се материјализира околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Причинско – последичните врски се многу силни, сплетот на околности коишто ги проектираше твојот ум може да се материјализира.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како што се огледува нашиот лик во водата, така во стварноста се материјализира визијата, фантазијата создадена во нашиот ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За ова право да се материјализира во друштвата во државна сопственост, најпрво треба статутот на друштвото да предвиди дека со друштвото ќе раководи Управен одбор.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не постојат правила. Ги материјализираме единствено кога ги прекршуваме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)