маслинест прид.

маслинест (прид.)

- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше тивок човек, и за разлика од неа, со крупен стас, изразено чело, очила преку кои ја загледуваше со својот питом поглед со маслинеста, не докрај одредена боја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Масата пред мене беше четвртаста, во средината излижана, со видлива патина по нерамномерно зачуваната маслинеста боја на површината на која се шеташе отсјај на една од неонките на плафонот распоредени во два паралелни реда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одозгора носеше маслинест мантил, стегната во струкот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зли усти имитираат кучешки лаеж, стар барабанџија со темно маслинесто лице, бронзени усни, налик на статуа, го кинеше од мене злобното завивање на омразата кон излитено пријателство од автодеструктивни пориви...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)