мангар (м.)
А и парите си ги испив... немам ни скршен мангар.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не му оставил, изгледа, ни мангарче да ги загрее ковчињата...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Со мангариве, ќе купам куќа и ќе ве пуштам да спиете сите во неа, дуваше Пенчо во стаклото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А Ристе ги шета сокаците и пее - мангарче бара, јајце страчкино за лек дава.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе го избришам минатото, ќе ги искинам сите признаници на кои никогаш нема да земам ни скршен мангар и...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)