мамалига (ж.)
Дури во Букурешт, на самото сајмиште, од големи буриња се точеше шира, а со неа, како романски специјалитет, во дрвени паници, заедно со мамалигата, се служи и печена пастрма...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ширата и мамалигата, и печената пастрма и попатните земјоделски изложби, брзо се забораваат кога на влашката рамнина ќе се појават петролејските кули, чиниш безброј како една шума.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не чекаше одговор. Рече: - Ќе ве вратиме, магариња, пак во Романија. Да јадете таму мамалига!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)