малуброен прид.

малуброен (прид.)

Значи, овој роман спаѓа во редот на оние книжевни дела, малубројни во македонската книжевна ситуација, кои се посветени на конкретна личност и нејзиното дело.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во летните денови, кога Бојан ја имаше грижата за овците, тој не пропушташе ден, а да не се сретне со дедо Иван, кој исто така, иако стар, успеваше да оди по своето малубројно стадо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Минаа пет генерации откако Завојувачите допловија до Островото. Малубројните потомци, без жестината и свирепоста на прадедовците, постепено исчезнуваа во морето доморотци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А и куќите се мали, само за живеење на малубројни семејства...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред извесно време Европската унија во потполна тајност направи договор со кој нејзиниот пазар се затвора за металната индустрија на земјите од Исток, што е еден од малубројните сектори на кои тие земји можат да произведат нешто барем приближно конкурентно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Впрочем, на него немаше одговор дури ни сега, затоа што малубројните раштркани преживеани луѓе од старите времиња беа неспособни да ја споредат едната ера со другата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека ако воопшто некаде преживува, тогаш тоа е во малубројните цврсти предмети, без зборови на нив, како онаа грутка стакло онаму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потрагата по нови оружја продолжува непрекинато и е една од сосем малубројните активности во кои пронаоѓачкиот и шпекулативен дух може да најде вентил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што видовме, жртвите од динамитните атентати биле малубројни, но затоа жртвите од турските масакри биле доста бројни, иако, рековме, тие не можат да се споредат со ерменските.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие биле малубројни, но ги имало.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оваа група на фанови денес е малубројна, ама затоа пак ние кои што толку го сакавме неговиот сиромашен роднина Пајо, сме во мнозинство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Само таквиот малуброен слој на граѓанство, припиени до владеачките јасли, се напојуваа како сушни предели, останатите слоеви беа немоќни набљудувачи....
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во десетгодишното постоење, владата разви мал милион на методи за кршење на отпорот на малубројните дисидентски групи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)