максима ж.
максимален прид.

максима (ж.)

Од друга страна, оваа книга, како едно философско испитување кое поаѓа од максимата дека „Задачата на философијата е да се занимава со она што е дел од животот на оној што ја употребува“, не може да се апстрахира од ‘формата на животот’ на авторот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа максима на нашиот соговорник му се чинеше премногу патетична: „Од искрената самоизолација не треба да се прави никаква доблест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(...) Правниците почнуваат да ги слават традиционалните решенија, обичаиите, изреките и максимите што ја создаваат основата на германското право, тоа колективно дело што е плод на несвесната и тивка дејност на националниот дух.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Класично-модернистичките максими на изразот го губат значењето, а на нивно место доаѓаат стратегиите на контраст, пронаоѓање и парадокси.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Биснис е бизнис, имаше обичај да каже, една максима од неговата филозофија на живот, прифатена во Мелбурн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во свеста ми се јавуваше руменоликата глава на воспитачот, сѐ така самоуверено исправена пред мојот поглед, под знакот на онаа курзивна максима од гимназискиот лист, - а мене сурово ми се свиваше тупаницата и ми се чинеше дека стискам во неа нож.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во првиот број на листот при дното на уводната страница, под линија, како што е тоа уобичаено во некои медицински лексикони за народ, беше курзивно напечатена оваа максима со негови иницијали: „Солидните темели на нашата културна заедница се само позитивните принципи на Христовата етика, а неразоримата платина на врвот на нејзиниот громобран е само јакиот морален карактер на нејзините слободни синови”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема судија, без тужител… Само Бог суди, кога никој не тужи. (Римска правна максима)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Никако не смее да се прифати познатата максима „Не можат они да нѐ онадат колку што ние можеме да издржиме”.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наведната глава сабја не сече, беше македонската максима низ вековите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)