макар (прил.)
Скриениот може и султанот да му го бара, заплашувајќи со колеж. па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат онега помош што молел...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Море, ќе и погрчиме ниа села, макар до еден да падниме! — се фалеше бившиот војвода и другар на Ѓуровчето; Стојко Цицо од Бешишта, којшто за педесетсто лири се префрли од „бугарска" на грчка страна и од војвода стана капиданис Цицос.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— „Море, ќе седна кај Арслан шо седеше, макар да знам и ќе се поѓупча, не само шо се посрби!“ — се заколнуваше Јован и се гледаше да му подметне нешто на Бина за да го турне од мудурскиот стол.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та макар да прооди и со Биновите потери, таа не пукна на никого, па дури и на Пуловец.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Слушам како умира времето... Покрај лисјето што паѓа и мразот што се фаќа за рацете до каде сум стигнал Тоа умира сѐ што се раѓа па вечно сум со него помал макар за еден чекор
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Никој не смееше, макар одамна да беше минато времето, да слезе долу и да го објави крајот на работата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Имајте го Младичот постојано на нишан и ако ви се види макар што сомнително удрете со сите куршуми во него, макар и не го убиле Ѓорчета.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Преклонетоста на неговите раце се престоруваше сега во некаква тромава отпуштеност, која знаеше само за тоа дека преку денот тој доста се намачил и дека сега треба макар и само да се спие.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шишман на братучедот се надеваше. Се воздржа макар што рече, ама сѐ почесто и почесто погледнуваше кон Србина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
1. НЕ ЧЕПКАЈ ПИШТОЛ, МОЖЕ И ДА ПУКНЕ - па макар и од мака дека куршум нема.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ние, и гологлави макар, речиси безглаво зазбревтани сме на пат од едно бегајќи, кон друго трчајќи, сѐ така...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Првиот муштерија од суеверие не се испушта, па макар нешто да се продаде и без печалба.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Макар колку луѓе да среќавав по движењето во центарот, па и по улиците на Келн и на неговата станица, која сама за себе претставува посебен град, не можеше да се забележи, барем видливо, дека овде навлегла макси-модата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И макар што ништо од сѐ што се раскажува за него не излегува надвор од природниот начин на живеење на птиците грабливки, сѐ е претерано зголемено, грозно и злокобно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Моќта на личностите од политичката митологија никогаш не исчезнува. Макар колку да ги закопуваш и презакопуваш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Молчеше, макар што знаеше дека не спиеме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние, помалите деца, макар што никогаш не го разбравме значењето на зборовите „социјализам“, „комунизам“, „работничка класа“, зборови кои најмногу се повторуваа, мислевме дека се тие најопасни за нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)