мавца (ж.)
Илко се сета дека дедот Карабуклија му рече на дедот Петка, оти тоа џереме не знае друго да работа, ама за готвење (да има мавца, мевце, шеќерец и јајца), рамна во Мариово не ќе ѝ биде ни една домаќинка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од слеп сиромав, манастирски ѓак, се најаде првин леб, со лебот побара сиренце, мавца, сланинка. Му текна дури и за мазниче — зелниче, та дотера дури до алва. Оти пак да не тера човекот?!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Што си толку против свињи?! А месото? А мавцата? А џимиринките? А пачата?“ набројуваше Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)