лошотилак (м.)
Велиш лошотилакот си сакал да го погодиш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Истите лаги, истите лошотилаци, истите понижувања, истите ништожности за да се дојде до подобра карактеристика.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Лошотилак еден, - спискав и ја „нокаутирав“ со еден лев кроше, оти сум левучар.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Лошотилакот има некоја итрина што за добрите и пред сѐ незамислива а камо ли појмлива.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Остави им ја глупоста и лошотилакот на глупавите и на лошите. На нивниот ум и поведение.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Династија, ако ја исклучиме Алексис лошотилакот имаше речиси солидна актерска екипа.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Можеби токму сега, од онаа страна на морето, Габриел Гарсија Маркес беснее оти пак се покапал лижејќи чоколаден сладолед или го гризе остатокот од ноктот на левиот показалец оти уводникот во Камбио воопшто не е по негов вкус, а ако ги навикнеш луѓето да читаат лоши уводници ќе ги навикнеш да читаат и лоши книги, лошотилак ќе им се пикне и во мислите што значи и во животот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Цело време гледам во нив благородна вдахновеност, чинам, не денешна, ами пренесувана и љубоморно негувана од колено до колено и гледав уште искри на подбивност кон уништувачкото бреме на времето кое на овие простори истури толку омраза, лошотилак, кодошлук и подбуцнување...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)