лозје ср.

лозје (ср.)

Бидејќи гален Силјан и аџамија, ич ќеф немаше да работи селска работа: орање нивјето, копањето лозјата, жниењето нивјето, вршењето и овците гледање оставени беа на Божина и на Божиница.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сиромашката бугарска влада се најде во небрано лозје во македонското прашање: Македонците ја изиграа и ја употребуваа како средство за своите цели, а европејците ја обвинуваа за итрини од коишто таа сиромашката беше далеку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак е тоа некоја негова ујдурма: да се измазули некако со лозјето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Светна лозјево од неа како од сонце! Ех, младина — убавина!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Не. Попат ми текна нешто... Ќе чекаме... (Покажува кон лозјето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што дека во војната, кога војската ги испусти лозјата и немаше ни вино ни ракија, се правеше со боза! не женеа?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Петре пак, пред самото влегување во окопите, помина преку своето село Старавина, го виде разурнатото дедово оганиште, упропастените лозја, ливади, исечените кории, та може да се замисли со каква омраза во душата отиде да се бори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Точно и навреме ги вршел сите молитви и свегатени обреди, но затоа уште поточен бил во работата околу лозјата, бавчите, маслинките, смоковите градини итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ни е добра мисла и нека ни се живи дечињата да си а собереме седбичката, благотичката, ете бостанец, царевчичка, градинки, лозјенца, едвај ако можеме тиа работи да и потиснеме и еве ти го, Митровден дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе го оставиме само лозјево и ќе чекаме сонце.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неопишана радост ги опфати забитот и Аџи Јанета кога го забележаа каналот како се вие низ лозјата, и ледината како зелена порачка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој занес соединуваше и по плажите, маслиновите и смоквините грмушки, по лозјата, во лотките, дури и по голиот крш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сакав да го видам малото лозје, најголемата радост во моите детски дни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Треба да се отргне извесно време од оваа бркотна средина, да појде кај своите, таму на лозјето. Ќе се одмори и ќе си дојде на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Настапуваше богата и плодна есен... Кукушаните веќе ги береа лозјата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе