ловџија м.

ловџија (м.)

- Нашата мачка е ловџика. Сега ќе ја најдам. - А црна ли е? скокнав од столот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
9. КОЈ МНОГУ ВРАПЧИЊА НИШАНИ, НИЕДНО НЕ ЌЕ СТРЕЛНЕ - и за врапчињата пркнување, и за ловџијата спокој, во милосрдниот ресторан ќе го пофалат тој келнер гостите што ги служи со "МНОГУ ВРАПЧИЊА НА ОКО"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
На другиот ден, кога Мацко пак од никого не доби јадење, го молеше Ловџија да одат да ловат глувци, ветувајќи дека сега ќе биде повнимателен и ќе го фати глушецот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Другиот мачор, што децата во дворот го викаа Ловџија, силно се насмеа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ние имаме повеќе ловџии од зајаци и еребици! - му дофрливме шеговито на Коле.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А ловџии, - малку! - Еј, гледаш ли фазани! - ме кошна сопатникот Ицко.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Да не сте шумар? ... Не ... Ловџија? - Па, може така да се рече.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Признавам: се исплашив. Со дивите ѕверови нема играчка, а јас не сум ловџија со пушка па да знам со нив да излезам на крај.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сигурно се нашла меѓу терачите и ловџиите и некако побегнала да се засолни кај нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тројцата ловџии ја претставуваат власта и правото на лов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше меѓу нив славни риболовци и ловџии, најдобри познавачи на речиси секое катче на езерската земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На неколкупати, во текот на тие денови од престојот во Брезница, авторот доаѓаше на сретсело „на чека“, како што би се изразиле ловџиите, заради блиска средба со својот истоименик Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали си мераклија на собирање печурки, шумски јагоди и боровинки? А можеби си и неустрашив ловџија на кој му дошло преку глаа од тепање зајци, еребици и препелици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Повеќе