ловџиски прид.

ловџиски (прид.)

21. АЈДУКОТ АЈДУК ФАЌА - во таква ловџиска сказна алвата за боза се враќа, наградата наместо казна...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Позадинската слика што ја употребив е традиционална ловџиска фотографија од триесеттите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа ловџиска сцена покажува еден високо кодиран однос меѓу ловецот, ловениот и нивната околина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можат да бидат есесовски исто колку и војнички, полициски или ловџиски. И сите оние крстови на нивните продукти!?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тројцата јавачи веќе ја одминуваа сенката што ја фрлаше кожленската тврдина, кога од шумата се слушна пукот на ловџиска пушка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште им се гледаа главите, кога од шумата излезе манастирскиот измеќар и дојде пред игуманијата со ловџиската пушка и со еден зајак метнат преку рамо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тогаш, за време на една целосна тишина, прекинувана само од тупкањето на задната нога на ловџиското куче, кое се бореше со некоја пакосна болва, Сем нежно и внимателно ја врза својата гитара преку седлото и ја стави над кабаницата и капутот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)