лови (несв.)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој ги дигна рацете божем лови нешто невидливо во воздухот и се ничкоса на калдрмата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Доста го развали оганот и дури Илко беше да го лови петелот, котлето со вода зовре.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И јас ти расправав видена пантомима за просјак што се гасне од глад и со последна надеж лови под мостовите на Сена.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А зошто има закон да се ловат кучиња, да се уништуваат? И зошто...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Никола, се сети, раскажувај уште за Африка. Си ловел ли горило? Сум ловел.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Никој не вика тогаш. Луѓето не викаат и не се тревожат ни кога галебите и дивите и питомите патки ја гонат и ловат плашицата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како да се ловеше: бараше некаква оправданост за да остане во овој град со најтемни и најзли крчми на светот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бидејќи живее во плитки води плашицата лесно се лови. Ја ловат рибари со мрежи, деца со ќепчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Утредента, откако го ловеа, или по една година, не знаеше кога дојде тој час, го посетија двајца болничари и му открија дека челата им се пониски отколку што мислеше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Кога Човек не е сам и сувата трева е повесела.“ Се ловеше : со потсмев пееше на црковен начин, како проповедник. „Тој е сакат, Мироне“, пак рекоа долждалците. Мирон не ги чу.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Претседателот сега мислеше дека може да ја посегне раката и да ја поземе лагата; дека би било толку просто дури и попросто од сѐ друго, кога би пукал за да лови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некоја недела, богати, сигурно нема да им биде тешко да навратат до тебе да појдеш и ти со нив да ловиш...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се ловеа тие целиот тој ден, никој од нив не можеше да рече дека не му се дадоа сите шанси, такви имаше и едниот и другиот од нив, а сепак, сето тоа мораше да заврши вака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шумата беше далеку, а тука, на сивите стреи со сиви оџаци, скитаа мачори и ја чекаа ноќта за да ги ловат ѕвездите и да ја плашат месечината. Сепак шума не нацртав.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Еден ден, додека ловеше во реката, брзата вода му ја симна од нога едната чизма и пред дедо ми да трепне, чизмата отплови во неврат.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Најмалите од Сибир и најмалите Ескими од некој глечерен рид ловеле за Чук Нам риби - Ескимите му фатиле и кит.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Под небото сино комарци му ловела неговата нација, во барата имало вино за сето царство Бунефација.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Почна да го лови шепотот на шините.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Така кај нас, в село, во Брегалница ловат полни кошеви риби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)