литија (ж.)
Во Леништа се одделувам малку од литијата и скршнувам едно паровче од јаболкничето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пееја химни и псалми во своја чест, следени од литија, попови, и патријарси, од лажни богоугодници и фарисеи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Над дваесет литија и други црковни знаменија го бодеа небото, наредени по вистинскиот ред.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Околу Крстот поповите, зад нив литијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Цели литии кружат околу една џиновска тегла со мед, а сите знаат што има под првиот слој мед.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)