лисец (м.)
Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еж ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Уште додека беше на прагот направи поклон, првин спрема Мустафа ефенди, потоа и спрема прилепските првенци, а кога се исправи, божем силно израдуван што се измирува со нив, лисецот ги прекрсти потковичаните, како да му се верни и вековни парохијани, и изјави дека знае зошто е повикан, дека му се радува на измирувањето, но и дека има нешто да придодаде во врска со измирувањето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еже ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повисокиот тревар му рекол дека ќе му се покори, бездруго ќе му се покори на ножот; лицето уште повеќе му заприлегало на мудар лисец што се готви да се исклешти за своја сметка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Везден молчи, сепак само глас да крене – лисец ќе се стресе волк ќе фати џенем.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Стар лисецу“, внатрешно се насмевнав, „ти играш само на сигурно!“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На Лисец како град паѓаат топовските гранати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Противникот не издржа. Овојпат Лисец единаесет пати премина од рака в рака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)