летово прил.
лето ср.

летово (прил.)

Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „А бре татко и ти мајко, што не ме верувате оти бев штрк и ви седев на куќава на другиот крај; имаше летово еден штрк али немаше?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Старците му ги отворија своите намачени и настрадани души, се исплакаа од големите зулуми што ги претргаа летово и уште што ги тргаат, и го замолија да им помогне некако ако може.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако не дојдеме до него летово, ќе дојдеме идното...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Па, како да ти објаснам, - рече. - За да вршиме сами некои поголеми откопувања, немаме средства, а летово тоа и не ни е најважно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој миг им позавидев на другарите дека летово небројница пати оделе на Вардар, а јас ниту еднаш не можев да ја смилостивам баба ми да ме пушти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Летово со Консуело, кој е од околината на Макондо, на патување од Албанија минавме во Македонија преку границата близу Охридското Езеро кое е старо три милиони години и е многу длабоко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Летово пак ни живна мочуриштево. Тактиката на вилинско коњче против монструозно намножените жаби слабо успева.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На дваесетина локации во Љубљана летово минувачите беа изненадени со поставените бело обоени поштенски сандачиња врз кои Давиде Грасси, италијански уметник кој моментно работи во Словенија, на четири светски јазици ја “изложи” својата изјава која минувачите би требала да ги запознае со општествено-социјалниот контекст на уметникот и уметноста воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Седнаа, или попрво Геро го седна Ванета, на крајната маса од пивницата, којашто летово беше излезена на тротоар, така што минувачите им се чешаа од грбовите одејќи кон главната улица дење и главното корзо навечер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Иако летово наполни четири сезони, ќерка ми уште е во шок од информацијата дека ти живееш во истиот град во којшто живее и нејзиниот идол Шиљо.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)