лее несв.
леен прид.

лее (несв.)

И писна в плач; - „О дни во кои несреќа се лее!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи, кристални води леејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат, и момите — за света чест.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Лејте очи, с’лзи жешки, гини срце, в рани тешки!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Бел ми Вардар тивко шуми, тивко шуми вода лее, - бела Рада платно бели, платно бели песна пее:
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Илјади години тој таму стоел, векови леел дожд; векови цели јачеле бури, сечеле молњи, со силен огнен нож.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Таа пак не држеше никаква пизма, дури како добра комшивка почна често да му ги лее стомничките вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рипна на нозе: - Сега што да ти правам, кај да те кријам! – му рече на Бошка. – Зарем во мојата куќа крв да се лее!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Низ темномодрите прсти му се лееше крв и капеше по земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Капките се лееја една во друга и образуваа матна баричка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мора така - не виѓава. Кривите редови на буквите се леат со хартијата, хартијата со воденичкиот камен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Момата беше многу убава - но уште поубави беа чувствата, што таа ги лееше низ играта...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Луѓето околу него слушаа занемени од големата болка што ја лееше кавалот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Остана долго така, со посегната рака, свесен и за плачот во својата подотворена уста, свесен и за натежнатите солзи по своето лице, кои ги пушташе да му се леат сами, а јаренцето ниеднаш не престана да му ги поминува секогаш наново сите негови прсти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Песната извира од длабочината на поробениот Македонец, со векови пластена во неговата душа и се лее, се шири и далеку се носи низ пиринскиот крај на Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Леар е по занает, леел бомби за Ерменците - револуционери. Сега ќе лее за нас.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе