лебедов прид.

лебедов (прид.)

Само дајрето му падна од рацете, се стркала по калдрмата и тажно заѕвеча... лебедова песна - Келнер, трубачот молам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во театарот се подготвува Лебедово езеро. И таа учествува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
та ми вели се затвораш пред светот - нејзините очи остро ме гледаат - остри очи на долгнавестото лице што складно низ лебедевиот врат минува во стеблолико тело со тенки проѕирни раце-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше оставен Чанга да ја одигра својата лебедова игра со козите, да ги собере сите кози и козарите, дотогаш успешно сокриени, па сите да бидат фатени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Анонимниот социјалистички дизајнер го замислил лебедовиот пој: голема Титова скулптура од стиропор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Седи со него крај лебедовото езерце додека некој не ѝ даде четврт долар, сендвич, тукушто купена вреќичка пуканки. Едноставно ѝ ги подаваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе мавтам грациозно со опашот, елегантно, како лебедова симфонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)