ластарест (прид.)
Слаб е, им рече. Не се сетија да му речат дека е ластарест и молчеа. И нема заби; им рече. Заби?...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Змејко можеше да го знае тоа уште веднаш по малку, кога сите со сините комбинезони си отидоа, а тој остана, онака ластарест, во госитлницата, и побара од него стан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, веднаш потоа ластарестото тело просто се свитка под Змејковата рака, со која тој го присили пак да седне, притискајќи го надолу и држејќи ја в дланка сосема слободно исколчената клучна коска на неговото рамо под литата облека.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)