лак (м.)

Ластикените чевли место од лак ги прави од мушама, но светат како вистински лак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сонцето веќе искачило над Трибор. Никакво петно на небото не забележува за да ги покрие неговите лаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сети на настанот виден во детството; на ножот светкав како влажен рибји стомак; на проѕирниот лак што го остави зад себе проклетиот челик пред да ја пробие ленената кошула; на темната лочка крв која не беше растопен пламен на малини; и на дебелите стакла на жандармеровите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сакате ли да ви ја скршам главата?“ праша напнувајќи го 'рбетот како бамбусов лак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Високо во воздухот се распрснуваа тробојни ракети, се раѓаа со татнење и умираа треперливо и шушкаво во изгаснат лак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа мирување чуваше во себе и еден таков до крајна можност оптегнат лак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лакот свој тоа оросен го крева над липата и во вршките гине.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Засрамен ловец биди, што здивот нејзин го сети, низ лакот што трепери и стрелата што чека.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Здравко ме загледува, ме испулува зачудено. Тоа облачето, налеиштето, лак му е во очите. Ко шушлег, ко посоп му се реси, му се таложи. Пак некаде се пренесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја завлече раката по кошула, од левата страна, вртејќи со очите како во нем филм, оттаму извлече лак и стрела и ми намигна.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од живеалишните куќи на имотските луѓе погледот го пренесува на западниот лак на Потковицата, го задржува на Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште повеќе и за тоа што леташе ниско, над самиот гребен на источниот лак.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ги изгубиле луѓето, Градиште со земјата го срамниле и го запалиле и на западниот лак на Потковицата, на Коритница, подигнале друга, своја населба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шибан со трња и гранки на ноќта, со обеспокоено срце од вино, белецот со опаш на виножитен лак се нашол во логорот на Турците помеѓу огнови и шатори, сам и долговрат, наеднаш и самиот изненаден од живите сенки на војниците и сепак - горд божји гласник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ета лаж, вели Фирсов, а лицето му светка, како да носи маска, двојна кожа, безбоен лак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мраморните лакови на ноздрите ѝ потреперувале како на младо животно во сетилно претскажуваше на слатки можности што ги шепнува развигорот на будењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе