куражи несв.

куражи (несв.)

Кога Бојана ја тешеше и ја куражеше Доста, им се приближи и Доста Макрева и трите мајки се одделија сосема настрана и потонаа во родителски — мајчински — разговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врати му се еднаш, да видиш како ќе дуваат и ќе бегаат — го куражи Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги враќа назад војниците што бегаат, ги куражи, ги моли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го куражам, го лажам. И го прелагав: вечерта отидовме кај Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Биди барем храбар, го куражам, секој мора од нешто да умре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знае дека комунизмот и господ не одат заедно, но се куражи со помислата дека можеби и Христос бил комунист, не знаејќи за тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ема, која често ми се јавува и чиј глас многу ме куражи, ми кажува дека во весникот Време пишувало оти по смртта на Борко, планираната прослава по повод петгодишнината од изградбата на браната Долнец, немало да се одржи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но зошто сега таа потреба да се куражи, да се оправдува?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Човекот го префрли шмајзерот на другото рамо и небаре зборовите му тежат повеќе, со длабок воздив воздивна и невоздржливо ја куражи сопатничката: - Од овие планини и од овие ридишта нема да има пукотници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)