кумита (м.)
Лакоми се на парата, си и тепаат жените и децата, некои се одале на пиење и пушлук, да ми прошчавате; трет излегол кумита, та така од секого би имале по некоа мака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од кај дојде тој кумита ваш, бре да отепат мене, бре!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Колку сакаат нека бидат тиа се овчари, а не кумити! — го окуражи Куле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Каков разбор бре, кумита, каков суд?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)