кукурек (м.)
Млада, свежа, убава пролет со кукурек и синолички, со бујни потоци, шарени ливади и нови солзи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го дупат кокичиња и кукуреци.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
5. Сум се потпрела на една бука и гледам еден запокажан кукурек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
16. По неколку недели ги отворам очите ко кукурек под снег.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кукурек, крезли и јатки се многу вкусни, ама далеку од највкусни.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Мајка ми плачеше со месеци на терасата на која баба ми го плетеше највкусниот кукурек на сите времиња.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не за друго, туку дека таков редок примерок не прошетал пред нив, а тие треба да полагаат на него и на неговите долги, тенки и дебели кои, ако не куртулат, нема да бидат ни за кукурек.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)